Вашите бизниси во кампањата ,,Мој бизнис – Моја слобода!”
Кампањата Мој бизнис – Моја слобода има за цел да ги поттикне и охрабри жените во Македонија за да преземат иницијатива за подобрување на сопствениот живот и напредок, напредокот на членовите на своите семејства и пошироко – за целата заедница!
Со оваа кампања ги поттикнуваме
- Жените кои имаат или сакаат да отворат сопствен бизнис и кои се заинтересирани за бесплатна ПРОМОЦИЈА на својот бизнис, и
- Жените коишто се заинтересирани за започнување на сопствен бизнис или имаат потреба од дополнителни финансии за постоечкиот бизнис, да аплицираат за кредит
Голем број на жени од цела Македонија, се вклучија во кампањата, а нивните бизнис-промоции, може да ги погледнете овде
Кампањата Мој бизнис – Моја инспирација е особено поттикната од Форумот на жени-лидери на ФУЛМ Македонија и е дел од проектот на Штедилница ФУЛМ за подобрување на пристапот на жените и младите до финансиски услуги.
Поврзувањето на жените, инспирацијата која жените лидери ја даваат во своите средини и со тоа ги поттикнуваат и охрабруваат жените од нашата земја и ширум светот е суштината на постоењето на Форумот на жени лидери на ФУЛМ Македонија, основан во 2016 година, како дел од Глобалната мрежа на жени лидери GWLN и Светскиот совет на кредитни унии WOCCU