Ѓорѓи Митревски, Кавадарци
Лето 2018 за првпат аплицирав на програмата ‘Work and Travel’ во САД, добив виза и отидов да работам во градот ‘Myrtle Beach’ во државата ‘South Carolina’, каде што температурите цело лето беа околу 40 степени целзиусови.
Работа добив во Старбакс Кафе, работата беше многу интересна и во постојан контакт со туристи и тоа ми помогна да го подобрам мојот англиски јазик.
Едно големо искуство во кое што студентите се запознаваат со секојдневни проблеми и сами си ги решаваат, запознавање на нови пријатели од сите страни на светот, на крај на програмата секако секој си организира прошетка во познатите градови низ САД
Благодарам на Штедилница ФУЛМ за финансиската поддршка при реализација на моето прво и незаборавно Work&Travel искуство
Аплицирај за Work&Travel кредит
Следното лето 2019 повторно аплицирав, но на место сосема спротивно од претходната година, градот ‘Anchorage’ во државата Алјаска температури околу 15 степени целзиусови.
Оваа година работев во една од најголемите атракции во Алјаска ‘RV trip’, бевме задолжени за одржување на тие ‘Камп-Комбиња(RV)’. Туристи од цел свет доаѓаа на одмор во преубавата Алјаска и ги изнајмуваа тие кампови за авантури низ преубавите планински места на Алјаска.
Исто како и претходната година, се запознав со многу култури од целиот свет, стекнав нови пријателства со студенти од Азија, Европа, Јужна Америка.
Програмата ‘Work and Travel’ ја препорачувам на секој студент затоа што преку оваа програма се запознавате со начинот на живот во други држави и имате можност да прошетате низ многу од познатите градови во САД.
Аплицирај на: www.fulm.com.mk/online
или во филијалите: www.fulm.com.mk/kontakt
Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање
Погледнете во табелата колку би ве чинело доколку подигнете и навремено отплаќате кредит за Work&Travel од 120.000 денари од ФУЛМ.