Интервјуа
Сè повеќе сме сведоци на сè поголемата вклученост на жените на лидерски позиции во македонската економија. Сведоци сме дека во секојдневниот живот се зголемува бројот на жени лидери, не само на светско ниво туку и во рамките на нашата држава. Во 2009 година ФУЛМ е основоположник на Global women leadership network (GWLN) кој во нашата земја делува преку Форумот на жени лидери. GWLN делува во 89 земји во светот како мрежа на жени лидери којашто има за цел на жените да им овозможи можност за личен, кариерен и општествен развој.
Во пресрет на 25-годишниот јубилеј дознајте кои се „тајните состојки“ во „рецептот“ за успех раскажан од жени лидери во Штедилница ФУЛМ.
Повеќе на следниот линк
За женското лидерство, за поддршката, за важноста на жените во бизнис сверата на зелената економија, прочитајте повеќе во интервјуто на
За да дојдеме до повеќе жени претприемачки, раководители и останати водечки позиции, потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство, посебно во економијата. Лично сметам дека женското лидерство е основата на успешно имплементирање на новите Environmental Social Government (ESG) стандарди. Жените при одлучување го анализираат влијанието на нивните одлуки врз сите засегнати страни, не само врз профитот, туку и врз квалитетот на животот на вработените, сопствениците и заедницата во целина.
Основана во 1999 година (догодина ќе прославуваат голем јубилеј, 25 години од работењето на македонскиот пазар, н.з.), Штедилница ФУЛМ (Финансиски Услуги за Луѓето од Македонија) е уникатна финансиска институција во земјава, единствена од типот на штедно – кредитни унии. Штедилницата ФУЛМ прибирајќи ги заштедите на своите членови и пласирајќи ги на оние членови на коишто тие средства им се потребни, го опслужува делот од населението којшто на друг начин тешко или воопшто не може да добие финансиски услуги. Оттаму слоганот „Луѓе помагаат на луѓе“ е заштитен знак за суштината на постоењето на кредитните унии ширум светот и на Штедилница ФУЛМ. Штедилница ФУЛМ е членка на Светскиот Совет на кредитни унии (World Council of credit unions -WOCCU) а со тоа и дел од светското семејство на кредитни унии кое се протега на 6 континенти, во 97 земји во светот и брои речиси 404 милиони членови здружени во 82,758 кредитни унии. Неодамна, управителката на Штедилница ФУЛМ, М-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ, беше избрана за член во одборот на WOCCU набљудувачи, функција која за прв пат се воведува и по тој повод разговаравме со неа, за тоа што значи оваа чест и привилегија за неа лично и секако, за Штедилница ФУЛМ, а зборувавме и за најбитните достигнувања на штедилницата во областа на дигитализацијата и корпоративната општествена одговорност.
Г-ѓа Згоњанин, за првпат во 52-годишната историја на WOCCU во одборот на организацијата има претставник од Р.С. Македонија. Што значи тоа за вас како управител на Штедилница ФУЛМ и генерално за институција? На што пред сè се должи овој успех?
Да се биде дел од одборот на WOCCU, претставувајќи мала земја како нашата, е само потврда дека знаењето, интегритет и посветеноста се клучот за мојот личен успех и успех на институцијата со која управувам во изминатите 23 години. Поддршката од вработените, од кои повеќето се над 15 години во Штедилница ФУЛМ, постојаниот поттик за иновативност од страна на органите на управување, помошта за оптимизирање на бизнис процесите од деловните соработници и довербата од членови (корисниците на услуги) се “тајните состојки“ на нашата успешната приказна.
Кажете ни нешто повеќе за успешната приказна за дигитализацијата во Штедилница ФУЛМ, споделена на конференцијата на WOCCU под мотото “Be bold, no matter that you are small”
Штедилница ФУЛМ е финансиска институција која по актива е најмала на македонскиот банкарски сектор. Но, тоа не ја спречи, да имплементира стратегијата за дигитализација на услугите почнувајќи од 2009 година. На пример, Штедилница ФУЛМ е првата финансиска институција која направи мобилна апликација. Успешна приказна за текот на дигитализацијата беше споделена во Ванкувер, Канада, пред повеќе од 3.000 учесници. Целта беше да се охрабрат сите финансиски институции, независно од нивната големина, да чекорат по патот на дигитализација на своите услуги како основа за зелената економија.
Исто така, вашиот концепт
“Go Green” е идентификуван како „инфлуенсер “за поддршка на зелената економија за останатите земји членки на WOCCU. Што подразбира овој концепт поточно?
Годинава во Ванкувер, Канада, Штедилница ФУЛМ заедно со институции од Бразил, Австралија и Кенија се идентификувани како” инфлуенсери“ за поддршка на зелената економија за останатите земји членки на WOCCU. Целта на овој концепт е да се подготват нашите вработени, органи на управување, членови и деловни соработници, со нивните семејства за значењето на зелената економија. Секоја компанија може да направи по малку за да се доближиме кон зелената економија. За почеток, тоа финансиски не е многу, но е многу во создавање на подобро место за живеење за нас и нашите деца. Непечатење на документи, рециклирање на пластични шишиња и возењето на велосипеди се одлична стартна основа за зазеленување на нашата економија. Имено, Штедилница ФУЛМ во изминатите 10 години, со дигитализацијата во деловното работење, “ спаси“ 100 дрва. Замислете колку дрва би можеле да спасат сите бизниси во нашата земја, и пошироко во регионот.
Според статистиките, на македонскиот пазар, жените водат претежно мали бизниси. Вие сте финансиска институција фокусирана токму кон микро и малите бизниси, па дали овие статистики се рефлектираат и во вашето работење, односно колку жените се застапени како основачки, сопственици или менаџери на малите бизниси коишто ги поддржувате?
Во пресрет на 25 годишнината на Штедилница ФУЛМ, би можеле да се пофалиме дека при користење на услугите на Штедилница ФУЛМ има многу висока родова рамноправност. Секако, ова е изразено преку поддршка во Собранието и Кредитните одбори на Штедилница ФУЛМ каде 50 % се жени. Во Штедилница ФУЛМ спроведуваме посебни програми, “Мој бизнис – Моја слобода“ и “Храбра и своја “ за поддршка на женското претприемништво кои се поддржани од интернационални донатори.
Како вие гледате на проблемот на женското лидерство во општеството и економијата? Како да дојдеме до повеќе жени претприемачки, раководители и останати водечки позиции?
За да дојдеме до повеќе жени претприемачки, раководители и останати водечки позиции, потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство, посебно во економијата.
Формирањето на платформи и мрежи каде жените од деловниот свет можат да разменат лични искуства, да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат и да се поддржуваат меѓусебно може значајно да ги охрабри жените за вклучување на водечки позиции.
Клучно за поддршката на женското лидерство е подобрување на спроведување на законската рамка за рамноправна застапеност на половите во бизнисот. Креирање на култура дека жените можат да бидат лидери е основа за осигурување на еднакви можности за жените во бизнисот.
Според некои истражувања компаниите со женско лидерство постигнуваат и подобри резултати од своите конкуренти со типично машко водство. На што се должи тоа според вас, која е компаративната предност на жените во лидерството?
Лично сметам дека женското лидерство е основата на успешно имплементирање на новите Environmental Social Government (ESG) стандарди. Жените при одлучување го анализираат влијанието на нивните одлуки врз сите засегнати страни, не само врз профитот, туку и врз квалитетот на животот на вработените, сопствениците и заедницата во целина. Имено, јас, заедно со уште неколку жени во различни земји, во 2009 година ја инициравме Глобалната мрежа на жени лидери ( Global woman leadership network – GWLN) со цел да поттикнеме промени во подготвеноста на женското лидерство. Во ФУЛМ во 2011 година, го формиравме Форумот на жени – лидери во нашата земја, први во Европа, како дел од GWLN. Секоја година се одржуваат Форуми на жени -лидери со цел постојано зголемување на знаењето и споделување на лични искуства. Крајна цел е уште повеќе успешни жени да бидат дел од водечки позиции во бизнисот и невладиниот сектор во светот. На крајот би сакала ја споделам мојата мантра – “Size does not mater, vision does”.
“Довербата е клуч за штедењето”, Управителка Eleonora Zgonjanin го сподели своето мислење на национална телевизија МТВ.
Погледнете колку се штеди во нашата држава и дали Македонците имаат услови за штедење. Благодарност до Македонската банкарска асоцијација (MBA)
Видеото погледнете го на следниот линк:
https://play.mrt.com.mk/play/567102
Еден посебен момент во историјата на ФУЛМ е кога м-р Елеонора Згоњанин Петровиќ пред точно 20 години стана дел од нашето семејство. Нејзиното инспиративно лидерство е исклучително важен фактор за успешната приказна на Штедилница ФУЛМ.
Оваа пролет ја започнуваме иницијативата – Заедно да го направиме светот поубаво место за живеење. За таа цел, ја започнавме кампањата ЕКО ГРИН, при што подготвивме ПОДАРОК – САДНИЦИ, за сите нови ЕКО-ГРИН ДЕПОЗИТИ И КРЕДИТИ!
Во изминатите 22 години, Штедилница ФУЛМ се изгради во една стабилна финансиска институција, безбедно место за штедење за граѓаните на Р.С. Македонија како и вообичаена дестинација за сите оние на кои им е потребна кредитна поддршка. Штедилницата има организациски единици во Скопје, во Аеродром, Автокоманда, Центар, во Битола, во Кавадарци, во Струмица и во Тетово. Поттикнати од позитивниот рејтинг кој Штедилница ФУЛМ го заслужи во изминатите 22 години, поразговаравме со раководителот на Филијала ЈСП Скопје и дел од успешниот тим за дигитална трансформација, Марија Цветковиќ. –Штедилница ФУЛМ се приклучи поинтензивно во Агендата 2030 за одржлив развој, преку кампањата ЕКО-ГРИН, со специјална понуда на промотивни ЕКО ГРИН депозитни и кредитни линии. Може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа?
Оваа пролет ја започнуваме ИНИЦИЈАТИВАТА – ЗАЕДНО да го направиме светот поубаво место за живеење. За таа цел, ја започнавме кампањата ЕКО ГРИН, при што подготвивме ПОДАРОК – САДНИЦИ, за сите нови ЕКО-ГРИН ДЕПОЗИТИ И КРЕДИТИ!
Еко-грин кредитите треба да го поттикнат интересот на граѓаните кон поефикасни и одржливи начини на греење, заштеда на електрична енергија, алтернативни начини на транспорт, зазеленување на животната околина, алтернативи за почист воздух,органско земјоделско производство итн. Додека пак, ЕКО-ГРИН депозитите имаат највисоки каматни стапки за орочување на македонскиот пазар, 100% се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, а во ЕКО-ГРИН насока, со секој нов депозит, подаруваме садница.
– Ве молам, објаснете, зошто Штедилница ФУЛМ е различна од другите финансиски институции?
Штедилница ФУЛМ е основана во согласност со бизнис модел на кредитни унии е единствена во Република Северна Македонија. Слоганот ,,Луѓе помагаат на луѓе” е препознатлив за ФУЛМ и на сите кредитни унии во светот, коишто според статистиката на www.woccu.org опслужуваат над 375 милиони членови, на шест континенти. Првата и основна разлика е што штедачите кои што се корисници на нашите услуги се во исто време и „сопственици”, преку Здружението на граѓани ФУЛМ со еднаква можност да учествуваат во управувањето и да придонесат кон повисоко ниво на транспарентност и отворена комуникација. Различноста е во пристапот и во односот кон нашите клиенти. Луѓето сакаат да се чувствуваат добро. Тие ја сакаат нашата гостољубивост, нашата отвореност, начинот на кој се однесуваме со нив и тоа е она што ги носи кај нас. Нашите членови знаат дека Штедилница ФУЛМ е институција којашто се грижи за нив и се чувствуваат безбедно да ја остават својата заштеда или да добијат пари кога тие најмногу ќе им бидат потребни. Во изминатите 22 години, бројот на корисници на услугите на ФУЛМ постојано расте, а со тоа и на заштедите и кредитите.
–Од она што го прочитав за Вас, ФУЛМ имате голем меѓународен углед, признанија и соработници од цел свет. Може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа?
Во 2020 година, Штедилницата ФУЛМ, како прва и единствена финансиска институција од РС Македонија, е наградена со „СЕРТИФИКАТ за усогласеност со Европскиот кодекс на добро однесување при одобрување на микро – кредити“ издаден од Европската комисија, Дирекција „Вработување, социјални односи“.
Во 2018година, Штедилницата ја доби меѓународната награда за раст во Сингапур, во конкуренција со повеќе од 100 земји од светот.
Штедилницата ФУЛМ е основоположник на Европската мрежа на кредитни унии во Брисел.
ФУЛМ Македонија, во 2016 година, преку Форумот на жени на ФУЛМ, се приклучи на Глобалната мрежа на жени – лидери, која ги поврзува жените од кредитните унии ширум светот и им овозможува професионален и личен развој преку електронски или лични едукативни платформи.
Објавено на капитал.мк
1. Прашање:Kако ви започнува работниот ден? Работниот ден веке 20 години ми започнува уште дома . Јас сум човек кој рано се буди најчесто во 6часот, па сакам пред да излезам од дома да оставам се во најдобар ред. Утринското кафе го пијам на работа со моите колеги. Секое утро доаѓаме скоро половина час пред да седнеме на нашите работни места. Кафето е првиот мирис кој владее во просториите наутро и секогаш го пиеме правејќи планови околу работата во тековниот ден. Иако сум раководител никогаш не правам ништо без да бидат задоволни моите вработени, секогаш се договараме заеднички, колективно, па така и постигнуваме најдобри резултати. Најважно за мене е преку целиот ден да владее пријатна атмосфера, работата знае доста да го исцрпи човекот па затоа кога на неа гледаме со позитива се е поедноставно. Веке во 8 часот јас сум пред компјутер. Секогаш обврските си ги редам по приоритет, но во нашата работа некогаш мора да смениш план во зависност од ситуацијата, желбата и потребите на странките. Флексибилна сум и јас и мојот тим, па нашите клиенти секогаш се на прво место и гледаме да се услужени најбрзо што може.
2. Прашање:Бидејќи Кавадаречко е познато по виновата лоза, каква е Вашата поврзаност со лозарството, грозјето, виното, ракијата?
Ние кавадарчани несомнено сме најдобри производители на грозје и производи од истото, вино, ракија, маџун. Нашиот регион е поволен за одгледување на оваа лозова култура па затоа ние како институција одлучивме да воведеме земјоделски кредит кој е наменет за сите наши клиенти на кој им е потребен. Земјоделците, лозарите се наши верни клиенти кои можам да кажам дека се многубројни. Секоја година бројот на оваа категорија на грагани ни расте. Освен што ги користат нашите кредити имаат и можност да ги заштедат парите од реколтите кои што им останале. Можам да кажам дека довербата е голема, ФУЛМ овие кредити ги пласира така што им нуди на земјоделците пофлексибилен начин на плакање. Ќе ги кажам двата начина, камата, рата. Изборот секогаш останува на клиентот, ние сме должни да ги задоволиме неговите финансиски потреби нудејќи им повеке начини на враќање на нивното побарување. Има многу успешни приказни објавени на facebook и насата web страна. Многу од земјоделците знаат да ни кажат дека баш со аир си ги потрошиле нашите пари, некои ги дуплирале и ни се многу благодарни. Ние неможеме едни без други така што обострана е добивката и задоволството да се работи со оваа категорија на граѓани.
ФУЛМ е голема фамилија која се состои од сите вработени на чело со директорката Ели и сите наши членови со помош на кои сме опстанале толку многу години и сеуште работиме со полн интезитет.
Јас како дел од оваа семејство секојдневно се трудам да го дадам максимумот од мене несебично работам затоа што ова е работата која ја посакувам.
Едноставно за ова сум створена!
1.Прашање: Струмичката област е земјоделски регион. Која е вашата врска со земјоделието?
Бидејки Струмичкиот регион е претежно земјоделски регион и разговорите со нашите членови и пријатели вообичаено се поврзани околу земјоделието, мене посебно ми прави задоволство кога од водените разговори дали во филијалата или надвор од неа ќе слушнам дека годината била добра имало добар род, а исто така и пласманот со откупните цени, биле на задовoлително ниво, бидејќи и јас сум производител и тоа ме прави среќен, но исто така многу ми значи кога некој го вреднува мојот труд.
2.Прашање:Кој дел од работата ве чини најсреќен?
Покрај работата во ФУЛМ, среќен ме прави утринското кафенце во сабота со мојата сопруга кога ги договараме дневните обврски околу земјоделието кое ми е втората најважна работа која со љубов ја правам. На своите ниви кои ги обработувам, одгледувам раноградинарски култури, зелка и секако познатата струмичка пиперка-ајварка од која секоја година најубавиот ајвар го правиме и го споделуваме со своите членови во филијалата во која практично израснав, а наскоро и ќе се пензионирам.
1.Прашање: Сузе, со оглед на тоа дека работите со финансии, како се справувате со стресот?
Мојата пасија се цвеќињата, секојдневно се посветувам на нив, ги негувам, се радувам на секое ново ливче, на секое ново цветче, едноставно тоа ме опушта и ми го намалува секојдневниот стрес. За време на викенд слободното време го поминувам во својата градина каде што си одгледувам лозје, патлиџанче, краставичка и знаете тоа е една работна терапија која ги неутрализира негативните и ги заменува со позитивни мисли. Ете тоа е мојот рецепт за справување со стресот.
2.Прашање: Со оглед на тоа што сте жена, а работите во околина каде што мажите го имаат приматот, по што е специфична филијалата во која работите?
Интересно е што и покрај територијалната припадност на филијалата каде што во округот се повеќе мажи, слободно можам да кажам дека табуата ги рушиме со фактот дека најголем дел од нашите членови се жени кои секогаш се спремни да направат се што е потребно за нашата работа да тече беспрекорно.
1.Прашање: Зошто го сакате ФУЛМ?
Фулм не е само место каде што одам на работа. ФУЛМ е мојот втор дом! Работно место каде што во овие 20 години работење преку континуирана едукација ми овозможува професионално издигнување на повисоко ниво, и сето тоа ми дава мотивација за постојана заложба за подобрување на квалитетот на услугите кон нашите клиенти.
2.Прашање: Кој дел од работата во ФУЛМ ви е најголем предизвик?
Во моето досегашно работење во ФУЛМ предизвиците биле бројни, посебно овие две последни години кои Covid-19 пандемијата донесе бројни предизвици за нас како менаџмент и за вработените со кои успешно се справивме со ситуацијата и го одржавме континуитетот на нашето работење при што без никаков прекин ги опслуживме нашите клиенти на што сме и многу горди со нашата успешна реализација. Оваа криза на светот му донесе и голем број придобивки, еден од главните позитивни аспекти е забрзаната дигитализација. Штедилница ФУЛМ на финансискиот пазар опстојува следејки ја својата мисија и ставајки ги секогаш во главен фокус своите клиенти. За следната година но и за идниот период неколку трендови се клучни тоа е дигитализацијата кој како процес е веке одамна започнат кај нас кој и го продолжуваме со засилено темпо и во следните години кои доагаат, преку процесно управување до разни лесно достапни канали за крајните потрошувачи. Дигитализацијата на процесите и услугите се во нашиот секојдневен фокус и тие ќе бидат постојаната тема за унапредување и развој. Задоволството на клиентите ни е во прв план отаму доага и нашата инспирација за да ги понудиме најдобрите решенија и услуги кои им се потребни. Штедилницата им овозможи на клиентите електронско банкарство која им овозможува пристап до сите податоци поврзани со продуктите кои ги користат во Штедилницата, како мобилната апликација каде што клиентите ке имаат увид на податоците за продуктите кои ги користат да се информираат за истите преку своите паметни уреди. Потребата и барањата на клиентите за користење на дигиталните услуги и алтернативниот начин на комуникација се интензивираше уште повеке со пандемијата.
Да ја започнеме годината Светски! Погледнете го интервјуто на Strategic hotbox Las Vegas video network со Управителот на Штедилница ФУЛМ, М-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, со порака за значењето на меѓународната заедница и за предизвиците на ФУЛМ во насока кон креирањето на поквалитетни финансиски услуги со посебен акцент кон поддршката на МЛАДИТЕ И ЖЕНИТЕ и нивно охрабрување за личен и професионален развој.
“Кредит Тикет за бериќет можат да подигнат невработени лица, лица кои досега немале буквално никаква бизнис историја, но исто така можат да земат и луѓе кои се вработени, кои што би сакале да отворат дополнителен бизнис и апсолутно ова се однесува и на земјоделците. Значи за овој кредит можат да аплицираат сите оние кои сакаат да започнат нов или да го потхранат сопствениот бизнис, во овие вонредни времиња.” – ќе истакне Марија Цветковиќ раководител на филијала на Штедилница ФУЛМ во разговор за Наша ТВ. За условите на нашиот нов продукт Кредит Тикет за Бериќет дознајте на следниот линк.
1.Прашање:Дали се сметате среќна со фактот што повеќе од 20 години работите во ФУЛМ?
Во 2001 година, животот ми даде извонредна можност да бидам составен дел од ФУЛМ од нејзините почетоци, да бидам дел од нејзиниот раст и развој, соочувајќи се со сите препреки, радувајќи се на секој успех… Чувството е исто како кога растеш дете
Живот исполнет со предизвици и победи! Со радост доаѓам на работа секој ден, а тоа е вистински благослов! Имам прекрасен тим на колешки и Управителка, какви што човек може само да посака! Среќна сум што ФУЛМ ми дава можност да креирам и реализирам нови идеи за развој, што можам да обучувам нови кадри, а преку маркетингот можам да ја изразам мојата уметничка душа и потенцијал. И најголема среќа е дека се што сето она што го работам, го работам со љубов!
2.Прашање:Дали постои некое професионално достигнување на кое сте особено горди?
Она на што сум особено горда е насмевката на секој вработен, кој бил под мое менторство, кога ќе го видам неговото задоволство што е дел од ФУЛМ. Тоа за мене е најубавото професионално достигнување!
Штедилница ФУЛМ доби многу меѓународни награди и признанија, чија заслуга е на сите нас – вработените и менаџментот. Што се однесува до моите професионални лични достигнувања, јас сум реализирана жена. Во текот на моето работно искуство научив многу, имав можност да работам со многу луѓе, да патувам (што ме чини особено среќна), да запознаам многу луѓе и култури, да посетувам многу настани, конференции и обуки, добив многу признанија за мојата работа, но некако најмил ми е Сертификатот за Едукатор за развој на кредитните унии во светот, кооперативите и општествената одговорност, од обуката што се одржа во Единбург, Шкотска.
1.Прашање: Како се роди љубовта кон ФУЛМ?
- Љубовта кон ФУЛМ се роди со многу мака.Тоа значи дека сум работел макотрпно повеќе од 8 часа дневно ,затоа што со 8 часа работа, не можеш да го засакаш ФУЛМ, сум исплаќал кредити по села, планини, кафани, куќи, станови, а и по градови низ цела Македонија така да се случувало дома сум да се враќам и во 3:00 часот наутро и тоа се само за љубов кон ФУЛМ.
2.Прашање: Кажете ни за вашите почетоци… од кога се вработивте до сега..Што е она што најмногу го сакате во ФУЛМ?
- Инаку во ФУЛМ се вработив 2002 год. Почнав како благајник на шалтер, па потоа координатор на филијали во зародиш и последно како раководител на филијала Центар.Јас многу си ја сакам работата, во мојата 20 годишна кариера во ФУЛМ сум работел вредно, чесно и одговорно и затоа немам ниту една црна дамка во мојата кариера во ФУЛМ, со што верувам дека ќе се сложат и моите предпоставени и клиентите што секојденевно соработувам.
- Искрено во ФУЛМ многу го сакам дружењето, колегијалноста, атмосферата и довербата меѓу колегите но најмногу од се, како и сите други вработени најмногу си ја сакам платата.
Накратко вака ми поминаа 20 години работа во ФУЛМ а и со едно кафенце толку можам да кажам, да имаше и сокче ќе кажев и повеќе работи
Штедилница ФУЛМ воведе поволен „Тикет за бериќет“ за најпогодените од Ковид кризата
Разговараше – Верица Јорданова
Деновиве Штедилницата Фулм, во соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем лансираше кредит „Тикет за Бериќет“.
Може ли да ни кажете повеќе детали за овој нов продукт?
Кредитот ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ е наменет за сите почетни или веќе постоечки мали бизниси, со намалена камата. За овој кредит може да аплицираат: вработени лица кои имаат свој бизнис, или за отворање дополнителен бизнис, земјоделци и невработени со дополнителни лични примања. Износот на кредитот е од 30.000 до 700.000 денари, со рок на враќање од 12 до 72 месеци.
Постојат 2 варијанти на кредитот: со и без грејс период од 12 месеци.
Прва варијанта: Доколку кредитобарателите се одлучат да побараат кредит со 12 месеци грејс период, во тој случај тие ќе плаќаат многу мал износ во грејс периодот (390 денари месечно на износ на кредит од 100.000) заради поддршката од страна на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Во остатокот на месеците согласно договорениот рок на кредитот, ќе плаќаат цела рата.
Втората варијанта на кредитот ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ е отплата на кредитот без користење на грејс период, директно отпочнување од нареден месец со отплата на кредитот преку месечни ануитети, кои во првата година ќе бидат помали, заради намалената камата од поддршката на Проектот на УСАИД.
Секако, доколку, во меѓувреме дојдат до приливи за делумно или целосно враќање во кредитот, тоа ќе можат да го направат во било кој стадиум на отплата на кредитот, со ,,пресекување” на каматата, до денот на затворање на кредитот, во случај на целосно затворање на кредитот, или, во случај на делумна поголема уплата, камата ќе се пресметува на остатокот од главницата, по намалувањето на истата со вонредната поголема уплата.
Обезбедување на кредитот се жиранти, еден или два, во зависност од бараниот износ, или евентуално без жирант, за кредитобаратели со добра кредитна историја во ФУЛМ, до одреден износ.
Како дојде до идејата да се искреира ваква кредитна линија и по што истата се разликува од другите понуди на пазарот?
Идејата за КРЕДИТОТ ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ е производ на добрата мисла и намера на Штедилница ФУЛМ и Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, како и желбата да најдеме начин да помогнеме на малите бизниси кои се најзагрозени и најпогодени од Ковид-19 пандемијата.
Сепак, Штедилница ФУЛМ во сите изминати 21 години од своето основање е водена од концептот ,,Луѓе помагаат на луѓе”, како базична движечка сила и филозофија на кредитните унии во светот. Знаeјќи дека во изминатите години, УСАИД постојано работи на поддршката и помошта за малите бизниси, со зголемена активност во овој период заради пандемијата, ја споивме енергијата во заедничка мисија за помош на малите бизниси преку Проектот.
Клучот за помош на малите бизниси, кај овој кредитен продукт е намалената камата во првата година на отплата на кредитот и можноста да се затвори кредитот во било кое време на отплата на истиот, без дополнителни трошоци за затворање на кредитот.
Дополнително, ние на кредитобарателите не им бараме никаква сложена документација, елаборати или комплексни бизнис планови, доволно е да ни ја раскажат нивната успешна приказна, да пополнат барање за кредит изјава за приходи/извод, копија од лична карта и доказ за поседување на бизнисот. Ние ќе ги направиме сите потребни анализи за да ги обучиме малите бизниси за подобро управување со нивниот микро бизнис.
Кој се може да се аплицира за кредитната линија и кои се условите?
Пекара, пицерија, фризерски и козметички салони, бутик, берберница, автомеханичарска работилница, земјоделци, уметници, цвеќари, сметковоствени фирми и многу други мали бизниси се квалификуваат за овој продукт…
Кредитот ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ е наменет за сите почетни или веќе постоечки мали бизниси, со намалена камата. За „ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ“ можат да аплицираат сите заинтересирани кои сакаат да отворат нов бизнис, или да инвестираат и да го одржат постоечкиот бизнис. Следствено, за овој кредит може да аплицираат: вработени лица кои имаат свој или за дополнителен бизнис, земјоделци и невработени лица кои сакаат да започнат свој бизнис. Ги охрабруваме сите оние кои сакаат да отворат, или да го одржат својот бизнис во овие кризни времиња, да не контактираат за кредитот ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ и тоа: директно во нашите филијали, на чат на нашата веб страна: https://www.fulm.com.mk/ , преку нашиот профил на социјалните медиуми ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House на: Facebook, Instagram, LinkedIn и YouТube, или директно да аплицираат онлјан на: https://www.fulm.com.mk/apliciraj-onlajn/
Има ли некои ограничувања кои би требало да се нагласат?
Ако може да се зборува за ограничување, тоа би била возраста на кредитобарателите која може да биде од 18 до 74 години и нивната кредитоспособност, за што се прави дополнителна анализа.
Ковид пандемијата доведе до голема економска криза во целиот свет, секако и во нашата земја. Од аспект на Вашето работење и клиенти кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат компаниите во земјава? Освен што знаеме за тоа кои се најпогодени индустрии, дали може да извлечете некои други заклучоци за ефектите од економската криза?
Секој ден, ние ,,живееме” со нашите клиенти и ги поминуваме со нив сите нивни проблеми и предизвици. Секој ден сме сведоци на нивните загуби… Освен на најтешките загуби на блиски луѓе, најчестиот проблем со кои се соочуваат нашите сопственици на мали бизниси е падот на побарувачката на нивните производи и услуги, што доведе до нивна неликвидност, неможност за покривање на основните трошоци и закана за пропаѓање на нивниот бизнис.
Ковид пандемијата изврши голем притисок и закана за бизнисите во негативна насока, но има и нешто позитивно, а тоа е притисокот кон дигитализацијата. Ние постојано ги советуваме и им помагаме на малите бизниси да направат обид за мини дигитална трансформација, можеби да почнат да ги продаваат своите производи преку интернет и сегашните предизвици, заедно, да ги претвориме во идни можности. Уште веднаш по почетокот на Ковид кризата, согласно мерките на Владата и по препорака на НБРСМ, на нашите клиенти и овозможивме реструктурирање на нивните кредити, односно можност, наместо да плаќаат цела рата, да плаќаат само камата. Оваа можност сеуште ја користат клиентите кои сеуште имаат финансиски потешкотии. Потоа, го воведовме т.н. Вонреден кредит, како мерка за справување со тешката ситуација.
Ковид пандемијата нанесе голем удар на нормалното живеење, кој го почувствува секој жител на земјината топка. Економската криза ќе потрае. За да се преживее и надмине оваа вонредна состојба, секој од нас треба да е свесен дека, мора да даде максимум од себе, во рамките на своите можности и капацитети. За доброто на сите нас. И ова ќе помине, еден ден.. До тогаш- ќе не води нашиот слоган ,,ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ”!
Каков е за почеток интересот за Вашиот најнов продукт?
Промоција на кредитот „ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ“ само што почна. Овој кредит првенствено беше понуден на нашите постојни клиенти, кои со години се со нас, па им дадовме предност. Со задоволство и благодарност ја прифатија понудата. Секако, добредојдени се и сите останати. Навистина сметам дека овој кредит е ТИКЕТ за бериќет.
Објавено на иновативност.мк
Штедилницата ФУЛМ, на македонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година, кога движењето на кредитните унии, за првпат се имплементира и во Македонија од страна на проектот WOCCU, финансиски поддржан од УСАИД.
Штедилницата ФУЛМ во изминатите години, во голема мера изврши влијание на полето на микрофинансирањето и ги приближи финансиските услуги до: вработените и невработените лица, студентите, пензионерите и земјоделците, а особено до финансиски исклучените категории на население, особено меѓу жените и младите Денес, Штедилницата ФУЛМ, своите финансиски услуги ги нуди на целата територија на Република Македонија, преку Централата во Скопје и филијалите во Аеродором и Центар, шалтер во Автокоманда во Скопје, и филијалите во Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово.
-Полноправна членка на Светскиот совет на кредитни унии – водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки (www.woccu.org);
-Партнер во спроведување на DCA програмата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID www.usaid.gov);
-Партнер на Лигата на кредитни унии на Мичиген (www.mcul.org);
-Партнер на Националната асоцијација на кредитни унии во Полска (www.skok.pl);
-Имплементатор на Проектот за подобрување на пристапот на жени и млади до финансиски услуги;
–Победнички проект на Светската конференција на кредитни унии – Денвер, САД 2015;
-Добитник на најпрестижната награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии – 2018 – World Council Membership Growth Award .
Атанас Манушев – Раководител на филијала Муртино, Струмица
Каков е развојот на ФУЛМ во овие 20 години?
-Пред 20 години во село Муртино се отвори првата филијала на Штедилницата ФУЛМ. Можам да кажам дека почетокот беше прилично тежок бидејки во тој период, довербата во банкарскиот систем беше на многу ниско ниво во Македонија. Но, со големите заложби на органите на управување и сите вработени во Штедилницата, континуирано работејќи со граѓаните на терен, постепено почнавме реално да ги согледуваме барањата на истите и да воведуваме решенија за нивните финансиски предизвици. Како нов модел на финансиска институција (по принципите на кредитните унии во светот) почнавме да ги вклучуваме и нашите членови во концептот на кредитните унии каде што корисниците на услуги се и сопственици на финансиската институција, и истата е управувана од самите членови. Така, освен што се враќаше довербата, почнавме да развиваме различни продукти за кредитирање на нашите членови кои непосредно преку разговори со вработените ги искажуваа нивните потреби, а нашите органи на управување им излегуваа во пресрет на истите.
Целиот овој процес нé доведе до оваа позиција каде што сме сега, успешна финансиска институција која и во меѓународни рамки добива признанија и награди за нејзините успеси. Сигурни сме дека овој ентузијазам нема да се изгуби кај нашите членови, органи на управување и кај вработените. Ќе продолжиме да даваме наш придонес во целокупниот финансиски систем на Македонија, а се разбира и на нашите членови со соодветни услуги пратејќи ги современите текови во банкарството.
Александра Наумовска – Раководител на филијала Битола
Дали сте задоволни од постигнатите резултати на Македонскиот пазар досега?
Со оглед на конкуренцијата нашата институција има постигнато големи резултати на финансискиот пазар. Можам да истакнам дека уште од самите наши почетоци на нашето работење пред 20 години ние како институција го опслужуваме делот од населението кое нема можности да добие финансиски услуги на друг начин.
Одличните резултати на ФУЛМ се резултат на континуирани и интензивни продажни активности во сите сегменти од работењето, квалитетни финансиски услуги, како и значајните финансиски инвестиции кои ги направивме во дигитализација на нашето работење со цел постигнување поголема достапност и функционалност кон клиентите.
Штедилницата продолжува да ги следи светските трендови и технологијата во насока на дигитализација и унапредување на процесите со тоа што на нашите клиенти им даваме широк избор на можности при извршувањето на финансиските услуги преку современите или традиционалните канали на продажба. Потврда за ова се и низата признанија и награди кои ги имаме добиено како резултат на големите постигнати резултати.
Штедилницата продолжува да работи со јасна визија и посветеност во остварување на стратешките цели со фокус кон клиентите и нивните потреби.
Сијка Габева – Раководител на филијала Тиквешија
Колку народот во земјава знае да штеди и какви сé производи нудите?
Постојат многу методи како да се заштедат пари. Штедењето треба да биде приоритет за секого без разлика дали е краткрочно или долгорочно, и дали на помали или поголеми износи сé до дозволениот максимум на институцијата.
Довербата за штедење кај населението е во пораст во последните 20 години, со што се рефлектира пораст на штедните влогови и кај нас во Штедилница ФУЛМ. Ние како штедилница им нудиме можност на возрасните како и на најмладите да бидат наши штедачи, а најмладите воедно се и наши најдолгорочни штедачи.
Исто така, како финансиска институција се грижиме преку едукација да ги информираме заинтерисираните потенцијални штедали, но и веќе постоечките штедачи за нашите услови на штедење, начинот на штедење, видовите на влогови кои ги нудиме, како и за тоа дека нивните средства се осигурани во Фондот за осигурување на депозити меѓудругото. Не само тоа што нивните средства се осигурани во Фондот за нив најважно е тоа што ние како институција постоиме 20 години на пазарот што им влева дополнителна сигурност при нивните одлуки, бидејќи се работи за една стабилна финансиска институција.
Како стабилна финсиска институција во овие 20 години, Штедилница ФУЛМ има стекнато доверба кај многу штедачи, а понатаму со нивна препорака и кај нивни блиски познаници, пријатели и роднини. Тука би сакала да нагласам дека не смееме да ги изоставиме и социјалните мрежи и другите медиумски канали кои нé прават потранспарентни и поблиски до луѓето. За разлика од другите финансиски институции, кај нас секој наш полнолетен штедач е воедно и член на ФУЛМ. Со самото членство се стекнува со право на глас. Додека пак, малолетните корисници на нашите услуги се стекнуваат со членство откако ќе станат полнолетни со 18 години.
Штедилница ФУЛМ нуди можности за отворено штедење за членовите коишто сакаат своите средства да им бидат на располагање во било кое време, а нудиме и депозити со рок од минмимум еден месец до максимум 60 месеци. Одредени депозити имаат годишна фиксна каматна стапка од 24, 36 до 48 месеци.
Ако ги резимираме и сублимираме резултатите од нашето работење, слободно можеме да кажеме дека населението знае да штеди, се разбира секој според сопствените можности.
Дејан Ангелковиќ – раководител на филијала Центар
Кои се Вашите најдобри кредитни продукти, со колкаво и какво портфолио располагате?
Штедилница ФУЛМ располага со повеќе видови кредитни и депозитни производи кои ги нуди на пазарот. Производите се дизајнирани со цел да се задоволат потребите на нашите клиенти. Ние имаме производи скоро за сите категории на граѓани коишто можат да земат кредит многу брзо и едноставно во нашите филијали.
Нашите најконкурентни и најдобри кредитни продукти се Кредити за невработени со дополнителни лични приходи, Кредити за студенти, Кредити за вработени во приватни фирми и во јавна администрација, Кредити со владетелски залог (злато, депозит и девизи), Кредити за земјоделци и Кредити за пензионери. Во зависност од регионот, кај секоја филијала различно е учеството на типот на производ. Tака на пример, во земјоделските региони Струмица и Кавадарци поголемо е учеството на Кредитот за земјоделци и Кредитот за невработени. Додека во Скопје, Кредитите за студенти и невработени и Кредитите со владетелски залог повеќе се користат.
Најголемо учество во кредитното портфолио има Кредитот за невработени со дополнителни лични примања и тој моментално е и најпродаваниот производ. Штедилница ФУЛМ во текот на годината организира разни промоции и кампањи и за другите производи коишто имаат помало учество во портфолиото сé со цел да се поттикнат клиентите и нивниот интерес за другите производи, но и за идеи за нови продукти, а со цел да се олесни пристапот на луѓето до финансиски средства.
Сузана Ќандова – Раководител на филијала Полог – Тетово
Нешто повеќе за Светската конференција на кредитни унии што се одржа во јули на која ФУЛМ беше присутна?
Во јули оваа година се одржа меѓународна конференција на Светскиот совет на кредитни унии за 2019 година, спектакуларен четиридневен настан на Бахамите. На овој настан присуствуваа професионалци од повеќе од 2.100 кредитни унии каде главните сесии беа на актуелни теми за: Дигитализација; Крипто-валути; Сајбер безбедност; Финансиска вклученост; Регулатива и застапување; и Бизнис стратегија и влијание. На конференцијата, управителот на Штедилница ФУЛМ, М-р Елеонора Згоњанин Петровиќ го презентираше 20 годишниот успех на Штедилницата ФУЛМ пред младите претставници на кредитните унии од 60 земји во светот, со посебен осврт на Наградата за најголем пораст од Сингапур 2018.
Сé со цел ФУЛМ да ги пренесе интернационалните трендови за соработка со младите во Македонија, го основа Форумот на млади кој ги вклучува сите членови под 39 години.
ФУЛМ, исто така, има успешна програма за подобар пристап до финансии на жените во Македонија, која ја спроведува како дел од Интенационалната мрежа на жени лидери. ФУЛМ го основа и Форумот на жени-лидери со цел да пренесат знаењата од повеќе од 80 земји во светот во Македонија за подобар пристап до финансии.
Марија Цветковиќ – Раководител на филијала ЈСП – Аеродром
Kаква е подготвеноста за дигитализација на Вашите клиенти?
Процесот на подготовка на корисниците на нашите услуги за дигитализација го почнавме уште пред неколку години… Свесни за технолошката трансформација која неминовно навлегува во сите сфери на општеството, вклучувајќи го и нашето работење, поставивме два правци на движење во дигиталната трансформација: внатрешен и надворешен правец.
Внатрешниот правец се однесуваше на дигитализација на процесите внатре во Штедилница ФУЛМ, нивна оптимизација, зголемување на ефикасноста и транспарентноста, сé со цел да се обезбеди подобра услуга за клиентите. Во оваа насока, вработените во ФУЛМ преминаа на работа во нов софтвер кој овозможува поврзување и дигитално комуницирање со клиентите.
Во правец на дигитализација на надворешните процеси, најпрво сакавме да го согледавме степенот на подготвеност на нашите клиенти за ваква трансформација. За таа цел, спроведовме анкета помеѓу корисниците на нашите услуги за користење на современите технологии. Со оглед на тоа што Штедилница ФУЛМ работи со обичните луѓе и лица кои се финансиски исклучени или имаат отежнат пристап кон финансиски услуги, анкетата покажа дека нивото на користење на дигиталните канали и технологии, како и електронското банкарство, беше минимално. Затоа пристапивме кон нивна постепена дигитална едукација, преку бесплатни обуки за унапредување на финансиските знаења, но и континуирано нивно „ИТ“ едуцирање во комуникацијата со нив… Тоа беше процес што доведе до зголемување на свеста за користење на дигиталните канали кај постојните и потенцијалните клиенти.
Во оваа насока, Штедилница ФУЛМ, ја постави Стратегијата за комуникација со клиентите, при што првично отвори свој профил на социјалните медиуми: Facebook, Instagram, LinkedIn I YouTube. Следно, направивме современ редизајн на нашата веб страна: www.fulm.com.mk, која беше прва интернет-страница во банкарскиот систем што содржи „chat“ – алатка за онлајн комуникација со потенцијалните и постојните клиенти. Од воведувањето на веб алатката „chat online“ на 1.2.2018 година до сега, остварени се над 10.000 разговори со заинтересирани посетители на нашата веб страна. Веб страната на ФУЛМ, овозможи да воведеме безбедно онлајн аплицирање за кредит, се ефектуираше со над 2.000 апликации за кредит поднесени електронски. Нашите корисници на услуги и нашите членови можат да ја следат состојбата на депозити и кредити, преку сите електронски уреди. Мобилната апликација mFulm е веќе поставена на Play store и се очекува официјална промоција.
Задоволство ми е да споделам дека, од сите социјални дигитални медиуми, ФУЛМ Штедилница/FULM Savings House има најголема популарност на социјалната мрежа Facebook со над 12.600 следбеници.
Објавено на пари.ком.мк