Награди и признанија

Посветеноста и упорната работа на сите вработени и органи на управување, неминовно даде резултати во растот и угледот на Штедилница ФУЛМ во изминатите години.
Нашата работа беше забележана и потврдена од надворешни институции преку различни награди и признанија.

За нашата посветеност…

 
    👑Круна на 25 годишнина на Штедилница ФУЛМ е признанието на Управителката М-р Елеонора Згоњананин Петровиќ за успешниот WOCCU Board of directors Fellowship 2023-2024 каде заедно со членовите од САД, Канада, Австралија, Јужна Кореја, Филипини, Кариби, Бразил, Африка, Коста Рика, Полска и Ирска ја креираа стратешката визија на кредитните унии.
    🥰“Горди сме на успехот на ФУЛМ, посебно во промоција на нашата земја, благодарение на меѓународниот допринос на Ели, сите овие години. Да се има лидер со интегритет, знаење и компетенции како нејзините, е една од клучните конкуренски предности на ФУЛМ “ потврдија Претседателот на ЗГ ФУЛМ Стево Андровиќ и Претседавачот на Единствениот содружник Зулфи Џафери на заедничкиот состанок во “друштво” на престижни признанија и награда во изминатите 25 години на Штедилница ФУЛМ.
    Add some content to your accordion item here.

    Декември, 2020 година. Штедилница ФУЛМ стана прва и единствена финансиска институција во РСМ која доби СЕРТИФИКАТ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО ЕВРОПСКИОТ КОД НА ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ МИКРОКРЕДИТИРАЊЕ од Европската комисија, Дирекција „Вработување, социјални односи“

    Ова признание е круна на успехот на нашата макотрпна работа во изминатите, повеќе од 20 години, под мотото “ЛУЃЕ КОИ ПОМАГААТ НА ЛУЃЕ”, но и признание дека Штедилница ФУЛМ е РАЗЛИЧНА ОД ДРУГИТЕ! 

    Оваа награда е уште една потврда за нашите заложби, посветеност, професионалност и целокупниот труд на вработените и менаџментот на ФУЛМ.

    Ви благодариме на сите кои не’ поддржувате! Ова е заеднички успех за сите нас!

    Продолжуваме и понатаму заедно. Затоа што само ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ!

    Скопје, 05 март 2021 година.  Напорите и посветеноста на вработените и менаџментот на ФУЛМ, во овие неизвесни времиња, беа препознаени од USAID North Macedonia, за што Штедилница ФУЛМ го доби овој Сертификат за благодарност. 

    Сингапур, Sun Tech City, 16 Јули 2019. Престижната награда за 2018 – World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии), оваа година, во избор од 109 земји во светот ја доби Штедилница ФУЛМ од Македонија. Наградата беше доделена на 16 јули 2018 година на Меѓународната конференција на кредитни унии (Тhe world credit union conference), што се одржа од 15 до 18 јули 2018 година, во Suntec convention center, во Сингапур (http://www.wcuc.org/ )

    Ова големо признание за исклучителниот труд и посветеност  доаѓа во вистинско време, односно во пресрет на 20-годишнината од постоењето на Штедилница ФУЛМ што уште повеќе ја поттикнува радоста за освоеното I (прво) место меѓу 68.000 кредитни унии на 6 континенти во светот!  Второто и третото место припаднаа на кредитните унии  Sicredi од Бразил и AIRAC од  Доминиканската Република. Дополнителни информации за настанот може да добиете на следниот линк: https://www.woccu.org/letters/?mt=4119&c=17144&cs=db63a

    Повеќе од 30.000 граѓани во Македонија се заслужни за оваа награда, кои во  изминатите дваесетина години, со нашите кредити и депозити, ги реализираа нивните успешни приказни заради кои се гордеевме секојдневно, истакна м-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ.

    Денвер, САД, 2015. Победничкиот проект за подобрување на пристапот на жените и младите до финансиски услуги, доделен на управителот на Штедилница ФУЛМ, г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ на Светската конференција на кредитни унии во Денвер, САД , беше почеток на воспоставување на нова и современа стратегија за комуникација на ЗГ и Штедилница ФУЛМ. 

    Ливерпул, 6 јуни 2013: Во Ливерпул, Велика Британија, Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ ја доби наградата Edward Filene Credit Union Awards UK 2012/13 – Overseas Development Educator of the Year from the European Union and Africa (Награда Едвард Филен Кредитни унии на Велика Британија, за Интернационален едукатор за Европска Унија и Африка 2012/2013). Наградата и беше доделена за 14-годишното успешно спроведување на системот на кредитни унии во Република Македонија и во светот. На свеченоста во хотел „Мериот“ во Ливерпул, претседателката на Интернационалната Алијанса на Кооперативи, бароницата Полин Грин (Dame Pauline Green) и ја додели наградата на Елеонора Згоњанин Петровиќ нагласувајќи ја потребата од подобри финансиски услуги на луѓето секаде во светот.

    “Оваа награда ја посветувам на визијата на ФУЛМ: ‘Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење’. Повеќе од 14 години, Штедилница ФУЛМ успешно работи како дел од интернационалното семејство на кредитни унии од над 100 земји и 188 милиони членови. Успешното работење на ФУЛМ е резултат на посветеноста на сите вработени, поддршката од членовите на органите на управување и соработката со сите 7.700 членови на ФУЛМ,” изјави Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ Скопје.

    На свеченото доделување на награди беше презентиран краток филм за Македонија и за успешната приказна на Штедилница ФУЛМ, која во изминатите 14 години успеа да им помогне со кредити на повеќе од 16.000 студенти, вработени, земјоделци, пензионери и невработени со дополнителни приходи, реализирајќи кредитни линии со вкупен износ од над (1) милијарда денари.