Настани/прослави/ конференции/ презентации…

Традиционално 🇲🇰 македонското знаме претставено пред повеќе од 2000 претставници на кредитните унии од преку 50 земји во Бостон, САД. 👏
🥳Многу поводи за славење!
Во Тетово ја продолжуваме традицијата на изразување 🫶благодарност на нашите вработени, членови и органи на управување, за сите овие 25 години поддршка, посветеност и доверба во нашата Штедилница ФУЛМ.
🍀Воедно им ја претставивме новата локација на филијалата Полог која сега се наога во трговскиот центар ReMall
Ден за паметeње за Спортски игри – “Pick 🎯 ФУЛМ”, со воодушевување истакна Dance Trpeska.
💃Утрото започна со чекори со латино музика.
🎯 Претпладне пикадото ” ги освои ” нашите членови. На пладне се потсетивме на⛹️‍♀️ слободните фрлања во кошарка од младоста.
🏃‍♀️🏃А, трката во брзо одење беше гордост за секој од нас, посебно за членовите од Златнaта доба.
🥰18 Мај 2024 за нас ќе се памети по спортски дух, убава дружба и одлична забава за нашите членови од Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Кавадарци, Неготино, Гостивар и Дебар.
🤩Навистина unique experience за 25 годишнината на Штедилница ФУЛМ.

  •       

  •     

  •  

  •   

  •   

  •  

  •  

  •  

🎉Во Градот на конзулите Битола го продолжуваме караванот на прослави по повод 25 годишнината од основање на Штедилница ФУЛМ. Stevo Androvic, Претседател на ЗГ ФУЛМ и Управителката м-р. Eleonora Zgonjanin, потсетија за успесите на Штедилница ФУЛМ, кои се нижеа сите овие години и ја претставија иднината фокусирана на ☘️“Go green”. Раководителката на Филијала Битола, Aleksandra Naumova, ја сподели успешната приказна на оваа Филијала.
🥰Посебна радост ни причини на сите членови, уживањето во прекрасен 🎄новогодишен концерт, “Виена во Битола” во изведба на Камерен Оркестар на Битола – Chamber Orchestra of Bitola ⋮IWConnect

  •  

Вчера 🥰магичниот глас на нашата⭐️ ѕвездичка Ана ни ги исполни 🥰срцата со топлина. А ние во наш стил ја🤩 изненадивме и го поддржавме нејзиниот настап во филхармонија.

  •  

Во списанието убавина и здравје прочитајте за успехот на кој сите ние од ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House сме посебно горди, нашите 🥰колешки од Филијала Тиквешија оваа година го заслужуваат целото внимание и почит за остварените резултати, на кои сите ние сме бескрајно благодарни и радосни што во нашите редови имаме дрим-тим кој е пример за сите!👏

Инфо на следниот линк

  •    

  •     

🥰“Нека Ви се множат во успех годините што ви следат, супер сте и продолжете понатаму со ведар дух” 🎉со оваа реченица нашите членови го честитаа роденденот на Филијала Тиквешија која вчера наполни 🎂 22 години од своето постоење.
🍀Ви благодариме што сте дел од нашето големо семејство, Ви го честитаме на сите овој роденден за нас многу значаен и Ви посакуваме уште многу успешни години да прославуваме во годините што престојат.
  •  

Штедилница ФУЛМ со свои претставници присуствува на 46-та меѓународна банкарска конференција на BACEE која се оддржува во Будимпешта каде ќе бидат оптафени прашања поврзани со предизвиците и можностите во финансискиот сектор на CEE/SEE.
  •  

🥳Денес славиме 75 години Меѓународен ден на Кредитните унии #ICUDay. 🥰Горди сме на повеќе од 13.000 членови кои ни ја даваат довербата 24 години од постоењето на ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House.
Од почетокот до сега сме ги поддржале нашите членови со одобрување на повеќе од 30 000 кредити со цел да ги оставарат нивните потреби и желби, градејќи заедничка успешна приказна која веруваме дека и идните генерации ќе ја препознаат и ќе бидат дел од истата. 🍀
  •      

  •   

  •    

  •   

  •  

Во Кавадарци го започнуваме караванот на прослави по 🍾повод 25 годишнината од основање на Штедилница ФУЛМ, заедно со нашите членови кои ни се главна поддршка сите овие години. На настанот до членовите се обратија г. Stevo Androvic Претседател на ЗГ ФУЛМ и управителката Eleonora Zgonjanin, се потсетивме на минатото, го претставивме новото лого и ја раскажавме новата ☘️зелена приказна кон која чекори Штедилница ФУЛМ. 🥰
  •  

Штедилница ФУЛМ со свои претставници присуствува на 46-та меѓународна банкарска конференција на BACEE која се оддржува во Будимпешта каде ќе бидат оптафени прашања поврзани со предизвиците и можностите во финансискиот сектор на CEE/SEE.
  •  

🥳Денес славиме 75 години Меѓународен ден на Кредитните унии #ICUDay. 🥰Горди сме на повеќе од 13.000 членови кои ни ја даваат довербата 24 години од постоењето на ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House.
Од почетокот до сега сме ги поддржале нашите членови со одобрување на повеќе од 30 000 кредити со цел да ги оставарат нивните потреби и желби, градејќи заедничка успешна приказна која веруваме дека и идните генерации ќе ја препознаат и ќе бидат дел од истата. 🍀
  •  

  •  

ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House е дел од обуката за оддржливо финансирање и примена на ESG – (Environmental, social and governance) стандарди, која се оддржува во Белград, во организација на Здружениe на банките на Србија. (Udruženje banaka Srbije)
  •    

“Баш сме горди што имавме можност да ја презентираме успешната приказна на ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House“ потврди Управителката Eleonora Zgonjanin.
Делегација од 4 претставници Julijana Petkovska, Ile Gjorgjievski и Зулфи Џафери на ФУЛМ беа дел од Конференција за перспективите на кредитните унии во Европа.
  •   

👏ШтедилницаФУЛМ, традиционално, ја претставуваше нашата 🇲🇰 земја на Светската конференција на кредитни унии (World Credit Union Conference, #wcuc2023) заедно со 110 земји пред повеќе од 3.000 учесници во Ванкувер, Канада.

🤝Интернационалната соработка е клучна за успехот на ФУЛМ, посебно со земјите од регионот. Управителката М-р Елеонора Згоњанин Петровиќ во посета на кредитната унија Гама Hrvatska udruga kreditnih unija – HUKU во Загреб.

#Штедилница ФУЛМ е дел од настанот 👩‍💼Career Fair кој се одржува денес во просториите на South East European University (SEEU) Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што многу 🧑‍🎓👩‍🎓студенти имаа можност да се запознаат со нашата работа и со условите за практиканство во Штедилница ФУЛМ. 🍀

Во пресрет на Глобалната недела на парите #GlobalMoneyWeek под мотото
🍀„Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“, се одржа панел дискусија на жените лидери од банкарскиот сектор, организирана од МБА. Дискусијата ја отвори претседателката на МБА д-р Маја Стевкова Штериева каде што говореше за Принципи на одговорно банкарство и јакнење на жените кои се во согласност со Целите за одржлив развој на ООН #UnitedNations. Дискусијата ја продолжија и останатите членови на панелот, меѓу кои и нашата управителка Eleonora Zgonjanin, раскажа за придонесот и преземените чекори на Штедилница ФУЛМ за зајакнување на зелената економија, како и исполнување на целите од Агенда за одржлив развој 2030. #thesustainabledevelopmentagenda
Image

Credit Unions Urge Policymakers to Support Limits on Regulatory Burdens in Effort to Speed Economic Recovery ENCU and WOCCU representatives meet with key stakeholders in Brussels BRUSSELS—Representatives from the European Network of Credit Unions (ENCU) and World Council of Credit Unions (WOCCU) are seeking support this week from the European Parliament, the European Commission and the Council of the European Union (EU) on limiting regulatory burdens on credit unions to help promote access to financial services for everyday Europeans. ENCU representatives were joined by WOCCU President and CEO Elissa McCarter LaBorde and her International Advocacy team in meetings with numerous policymakers to discuss how credit unions can play an important role in the economic recovery of Europe—which is still struggling from the effects of the COVID-19 pandemic and the ongoing conflict in Ukraine. “Credit unions are often the financial first responders during a time of crisis. However, they need regulations that are tailored to their member-owned cooperative model to help maximize their ability to serve rural or underserved markets,” said Andrew Price, WOCCU Senior Vice President of International Advocacy and General Counsel. European policymakers appear to be listening, as numerous items under consideration contain language that allows for the proportional tailoring of regulations, including the Digital Operational Resilience Act, which gives national-level supervisors the ability to set standards for credit unions. On other issues such as sustainable finance, credit unions are being recognized for their role in addressing climate change and the social benefits that the credit union cooperative model brings to financial services. Affordable access to payments systems, capital requirements and many other issues affecting credit unions are also under discussion. “We must allow credit unions the ability to serve underserved and rural areas that are in need of responsible access to credit. The credit union model represents an ideal way to help ordinary citizens with their financial needs. This is imperative during this time of economic uncertainty in the EU,” said Billy Kelleher, an Irish Member of the European Parliament (MEP) who also co-chairs the European Union Parliamentary Credit Union Interest Group. Representatives of the Irish League of Credit Unions (ILCU), the National Association of Co-operative Savings and Credit Unions (NACSCU) of Poland, the Estonian Union of Credit Cooperatives (EUCC), the Credit Union Movement of North Macedonia (FULM), the Croatian Association of Credit Unions (CACU), and the Credit Unions of Lithuania joined World Council of Credit Unions in sharing their views with various policymakers on how European Union policy can provide regulatory relief for credit unions in Europe. World Council of Credit Unions is the global trade association and development platform for credit unions. World Council promotes the sustainable development of credit unions and other financial cooperatives around the world to empower people through access to high quality and affordable financial services. World Council advocates on behalf of the global credit union system before international organizations and works with national governments to improve legislation and regulation. Its technical assistance programs introduce new tools and technologies to strengthen credit unions’ financial performance and increase their outreach. World Council has implemented 300+ technical assistance programs in 90 countries. Worldwide, 87,914 credit unions in 118 countries serve 393 million people. Learn more about World Council’s impact around the world at www.woccu.org. Contact: Greg Neumann E-mail: gneumann@woccu.org Phone: +1 608-395-2048 World Council of Credit Unions P.O. Box 2982, Madison, WI 53701-2982 USA Phone: +1-608-395-2000 | Fax: +1-608-395-2001 | mail@woccu.org | www.woccu.org

Управителот на Штедилница ФУЛМ, Елеонора Згоњанин Петровиќ на Конференцијата за женско претприемништво и пристап до капитал, организирана од Woman in Adria, дискутираше со учесниците за можностите за финансиска поддршка на бизнисите кои се основани и менаџирани од жени претприемачи.

Повеќе на следниот линк

На ден 25.09.2019 беше остварена средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка со високи претставници на повеќе значајни кредитни унии од Соединетите Американски Држави и Европа. Средбата беше иницирана од штедилницата ФУЛМ, којашто во рамки на одбележувањето на дваесетгодишниот јубилеј од нејзиното формирање, ги покани претставниците на кредитните унии коишто се нејзини интернационални партнери во нашата земја.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на структурата и карактеристиките на нашиот финансискиот сектор. Притоа акцентот го стави на стабилноста на нашиот финансиски систем, нагласувајќи дека таа, веќе континуирано се одржува, при истовремено продлабочување на нивото на финансиско посредување. Во дискусијата со високите претставници на кредитните унии, подетално беа претставени согледбите и оцените за остварувањата на нашиот финансиски систем минатата година, при што беа разгледани и ризиците на кои се изложени домашните финансиски институции при своето работење. Беше истакнато дека меѓусекторската поврзаност на одделните институционални сегменти на нашиот финансиски систем и можноста за прелевање на ризиците од еден во друг сегмент се на релативно ниско ниво.

 

Претставниците на кредитните унии искажаа особен интерес за новиот Закон за платежни услуги и платни системи, на кој активно се работи во моментов. На средбата беа дадени и примери на успешните модели на кредитни унии на глобално ниво коишто прибираат депозити од граѓани и даваат платежни услуги. Воедно, беа истакнати и можностите и предностите коишто ги обезбедува дигитализацијата на финансиските услуги кај ваквите институции за своите членови.

Во завршницата на средбата, заеднички беше одбележано дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, во кој се транспонирани најважните делови од европското законодавство во оваа област, ќе се создадат услови за подинамичен развој на нашиот платежен пејзаж.

Претставниците на кредитните унии и на ФУЛМ коишто учествуваа на средбата, во име на Светскиот совет на кредитни унии искажаа благодарност до Народната банка за досегашната дваесетгодишна успешна соработка во рамки на активностите за обезбедување подобар пристап до финансиски услуги на граѓаните на нашата земја.

Извор:НБРМ

Од 5 до 9 март во Градскиот трговски центар (ГТЦ),  на осмомартовскиот базар, зедовме учество со претставување на нашите производи. На настанот беа присутни и дел од многуте жени претприемачи чиишто успешни бизниси континуирано ги поддржуваме со нашите финансиски услуги.

На централниот настан ги поканивме и жените членки на Форумот на жени на ФУЛМ Македонија, заеднички да го прославиме Денот на жената.

Настанот беше организиран од Комората на занаетчии и Сојузот на Микрофинансиски организации во партнерство со УСАИД.

Нашите колешки Мони и Ангела, во мисија да дознаат повеќе за новите технологии и дигитални иновации во областа на финансиите и регулативите, на Конференцијата FinTech and Digital Innovation: Delivering for the Future во Брисел.

Повеќе на следниот линк 

Image
,,Честитки за успешниот Форум  
 Со вас и webex верзијата на Форумот е пријатен,  убав и корисен настан  

Секако, поубаво е со Вас ,,во живо”, но здравје, пак ќе ги имаме и средбите ,,во живо

Во секој случај, сè е навистина професионално и ТОП! БРАВО  –Ј.П.

Предизвикот на новото време за електронска комуникација беше главна тема и мотив на

Шестиот форум на жени-лидери на ФУЛМ Македонија

што се одржа на 30 март 2021 година, во 18.00 часот, преку платформата Cisco Webex, насловен како

Современото комуницирање /New age of communication

На настанот се приклучија жените-лидери на ФУЛМ, но и оние коишто сакаа да дознаат нешто повеќе за ФУЛМ и за Форумот на жени на ФУЛМ.

Почнувајќи од

  • краткиот говор за добредојде на претседателот на ЗГ ФУЛМ, г. Стево Андровиќ;
  • информации за Глобалната мрежа на жени-лидери и статусот на Форумот на жени на ФУЛМ- презентирани од управителката на Штедилница ФУЛМ, Елеонора Згоњанин Петровиќ;
  • видеообраќање на програмскиот директор на Глобалната мрежа на жени лидери, Елени Ѓакомопулос;
  • презентација на раководителот Марија Цветковиќ за работата на Форумот на жени-лидери на ФУЛМ од своето основање до денес и поддршката што истиот ја прави за поддршка на женските микробизниси;
  • презентацијата на Ангела Тодосиоска за најдобрите практики во современото онлајн комуницирање на мрежните интернет настани

ги пренесовме позитивните енергија и дух на Форумот на жени-лидери на ФУЛМ, споделивме нови информации и ја пренесовме пораката дека #Заедно можеме повеќе.

Форумот на жени-лидери на ФУЛМ има за цел да ги инспирира и поттикне жените од Македонија да направат значајни разлики во нивниот живот, во животот на членовите на нивната кредитна унија и нивната заедница, да добијат можност за професионален и личен развој, да ги поврзе со жените од кредитните унии ширум светот преку Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org) во рамките на Светскиот совет на кредитни унии WOCCU (www.woccu.org) Светскиот совет на кредитни унии служи како центар за мрежата, поврзувајќи ги жените од кредитните унии од целиот свет. Од своето основање во 2009 година, се основани 127 женски ограноци на Глобалната мрежа на жени-лидери, во 28 земји во светот.

Форумот на жени-лидери на ФУЛМ Македонија, со својата работа почна во 2016 година, а е основан и организиран од Здружението на граѓани ФУЛМ (www.zgfulm.org.mk) и поддржан од Светскиот совет на кредитни унии (www.woccu.org) и Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org), Јавниот сервис на кредитните унии PSCU (www.pscu.com) и Mitchell Stankovic & Associates (www.mitchellstankovic.com)

Форумот на жени- лидери на ФУЛМ Македонија, почна со својата работа во 2016 година, и е основан и организиран од Здружението на граѓани ФУЛМ (www.zgfulm.org.mk) и поддржан од Светскиот совет на кредитни унии (www.woccu.org) и Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org), Јавниот сервис на кредитните унии PSCU (www.pscu.com) и Mitchell Stankovic & Associates (www.mitchellstankovic.com)

,,Се чувствувам толку посебно и важно! Многу сум среќна што токму јас сум 5.000- тиот член на Филијала ЈСП! Благодарам на Штедилница ФУЛМ за честа, изненадувањето и подарокот! Од денес почнувам да штедам во новата штедна книшка од ФУЛМ  и да бидам дел на Форумот на млади на ФУЛМ!” – изјави со радост Ивона Арсовска од Скопје, а ние уште порадосни што во членство ни доаѓаат вакви прекрасни млади и позитивни луѓе!

Горди сме што нашата успешна приказна во дигитлната трансформација се споделува во светот.

На вебинарот организиран од Светскиот совет на кредитни унии за Дигитална трансформација на глобалниот систем на кредитни унии во време на Ковид-19, мобилната апликација mFULM на Штедилница ФУЛМ беше издвоена како успешен пример за тоа како преку можностите на дигитализацијата ги правиме нашите продукти подостапни за вас.

Целиот вебинар може да го погледнете на следниот линк:

Стево Андровиќ и Војислав Бислимоски како претставници на ФУЛМ, беа дел од прославата на 25 години постоење на Асоцијацијата на кредитни унии во Русија.

На прославата беше раскажана и нашата успешна приказна за изминативе 20 години постење на Штедилница ФУЛМ

Горди сме што сме основоположници на Европската мрежа на кредитни унии која оваа година го слави јубилејот од 10 години постоење. По тој повод Европскиот Парламентарец Били Келер, Ко-претседавач на Европската парламентарна група заинтересирана за кредитни унии ќе изјави:
“Кредитните унии се темел на кој растат и напредуваат илјадници заедници низ Ирска, а впрочем и низ Европа.
За разлика од банките, кредитните унии на своите членови гледаат како на соседи, а не само како на клиенти.
ЕУ мора да започне фер однос кон кредитните унии и да се осигура дека тие ќе можат да продолжат да ги поддржуваат своите членови и своите заедници.”
Штедилница ФУЛМ е вклучена во Деновите на финансиската писменост

ФУЛМ Штедилница, како општествено одговорна компанија се вклучува во реализацијата на Деновите на финансиската писменост, кои ќе се одржат во земјава, од 29 до 31 мај, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции.

Годинава, во рамки на третото издание на Деновите на финансиска писменост, од 29 до 31 мај 2019г, во филијалите и шалтерите на Штедилница ФУЛМ, граѓаните ќе можат во непосредна комуникација со нашите вработени да ги добијат сите информации кои им се потребни, а се однесуваат на нашата работа и продуктите коишто ги нудиме, како и информации за современите начини на плаќање, можностите за управување со долг итн.

Нашата штедилница во согласност со своите можности ќе овозможи за сите нивни барања за информации од областа на нашето работење, граѓаните да бидат информирани или советувани од соодветно едуцирани кадри…

Ве очекуваме во сите наши филијали и шалтери, од 8-16 часот, од 29 до 31 мај 2019г.

Ве очекуваме!

Марија, раководителот на Филијала ЈСП на 14-тиот Форум на кредитни унии во Русија, ја пренесе следната порака:

„Штедилницата ФУЛМ е мала кредитна унија во споредба со големите кредитни унии во Русија и сигурна сум дека ќе научиме многу од вас.

Сепак, би сакала од името на нашите 15 000 членови да Ве поканам да дојдете во Македонија и да видите дека иако не сме многу големи сепак, низ годините, научивме како да изградиме сигурна финансиска организација, софистицирани ИТ системи и поддршка од социјалните медиуми.

Сепак, најмногу ќе видите дека имаме огромно срце за нашите членови и пријатели и посветени вработени коишто веруваат во филозофијата на кредитните унии Луѓе коишто помагаат на луѓе”.

Во рамките на НЕДЕЛАТА НА ПАРИТЕ (Global Money Week), ФУЛМ Штедилница имаше чест да биде првата дестинација на ЕДУКАТИВНИОТ КАРАВАН, во соработка со Сојузот на микрофинансиски институции- Alliance of Microfinance organizations, Народна банка на РМ, Министерството за финансии и други финансиски институции. Ни беше огромно задоволство да бидеме домаќини на група ученици од ОУ Лазо Трпковски“ од Скопје и практично да ги запознаеме со финансиската сфера на животот. Целта на оваа недела на парите е кај децата и младите и да се поттикне финансиската писменост, да се запознаат со светот на парите, придобивките на штедењето, начинот како се создаваат условите за егзистенција и можностите за претприемништво. Оваа година, од 27 Март до 02 Април, овој настан ќе го одбележат близу 140 земји во светот. 

Прекрасно дружење за денот на шегата на широк сокак со Штедилница ФУЛМ! Многу насмевки, интересни маски, корисни информации за штедење и кредити за сите присутни, погледнете дел од позитивната атмосфера.

Скопје, 27.05.2022 година

Штедилница ФУЛМ повеќе од 17 години, преку финансиска едукација ги едуцира и советува своите членови, а денес заедно со останатите финансиски институции и организации го одбележавме денот на финансиската едукација во Градскиот парк во Скопје. На настанот присуствуваа ученици од различни средни училишта и имаа можност да се запознаат со дел од активностите на Штедилница ФУЛМ, колку е значајно штедењето и колку се корисни кредитите доколку паметно се искористат. Штедилница ФУЛМ за сите кои запишаа цел за која би штеделе во иднина, обезбеди симболични подароци, а нашето дрво на желби беше исполнето до последно место, на наше огромно задоволство.

Денеска во Филијала Тиквешија имавме многу посебни моменти, честитки и убави мисли

🥳Прославивме18ти роденден на филијалата
👏Го испративме првиот пензионер на ФУЛМ со најубави мисли
☑️Го добивме 4000тиот член

Се потсетуваме на убави спомени…

Се потсетуваме на обраќањето на Марта Ниничук, директор на ресурси и прошираување на кредитни унии во Националната администрација на кредитни сојузи на прославата на јубилејот од 20 години Штедилница ФУЛМ.

“Дигитализацијата не е само неопходен услов за идниот успех на кредитните унии, но во исто време носи и значајни придобивки за самата кредитна унија и нејзините членови”

Ќе истакне Управителот на Штедилница ФУЛМ, М-р. Елеонора Згоањнин Петровиќ раскажувајќи ја успешната дигитална трансформација на ФУЛМ на Вебинарот организиран од Светскиот совет на кредитни унии и Регионалниот центар за кредитни унии (Kasa Krajowa) на кои беа презентирани успешни приказни за дигитална трансформација на неколку кредитни унии.

На следниот линк погледнете каков беше патот на дигитална трансформација на ФУЛМ, но и за успешните приказни на две кредитни унии од Естонија и Полска:

Погледнете го обраќањето по повод 20 години јубилејот на Штедилница ФУЛМ на нашиот пријател Дру Иган од Лигата на кредитни унии во Мичиген со чија поддршка беше основан Фондот за студентската стипендија.

п.с. дали се пријавивте на Натпреварот за студентска стипендија за оваа година?

Побрзајте! Останаа само уште 2 дена до истекувањето на рокот

Аплицирајте нa линкот

 

Се потсетуваме на убавите моменти од минатогодишната прослава на јубилејот од 20 години постоење Штедилница ФУЛМ и обраќањето на г-дин. Стивен Воку, Претседателот на управен одбор на Светскиот совет на кредитни унии

Се потсетуваме на убавите моменти од минатогодишната прослава на јубилејот од 20 години постоење Штедилница ФУЛМ!
Погледнете го браќањето на Директорот на УСАИД во РСМ, Ерик Јановски кое нѐ направи особено горди

Село Муртино, Струмичко . ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ, добитник на годинешната награда за најголем пораст од Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU) во светот, ја одбележа 70 годишнината на Интернационалниот ден на кредитните унии и почеток на промоцијата на 20 годишнината од основање. На прославата беа врачени благодарници на најзаслужните членови и соработници на Штедилница ФУЛМ, за нивниот особен придонес. Настанот го збогати присуството и обраќањето на Претседателот на Владата на РМ, Г-динот Зоран Заев, кој упати честитка на менаџментот и членовите за признанието за најдобар пораст во конкуренција на 106 земји и успехот што го постигна ФУЛМ, оваа година во Сингапур.

Многу земјоделци од Струмичкиот регион се дел од успешната приказна во изминатите 20 години во првата Филијала Муртино. Ванчо Чавдаров, кој благодарение на кредитот од ФУЛМ можеше да засади овоштарник со цреши, вишни и јаболка во село Старо Балдовци. Ванчо потенцира дека искрениот однос на вработените беше пресуден за да земе кредит од Штедилница ФУЛМ. “Парите ми ги дадоа со алал, па дрвцата пораснаа невообичаено големи”, вели во шега, Ванчо Чавдаров.

Интернационалниот ден на кредитните унии (ICU Day) го слави концептот: ,Луѓе помагаат на луѓе”, и потсетува на историјата на движењето на кредитните унии. Овој ден се слави секој трет четврток во месец октомври, веќе 70 години, од 1948 година. Според статистичкиот извештај за 2017 година, 89.026 кредитни унии, во 117 земји во светот, опслужуваат 260 милиони луѓе. (www.woccu.org)