Кампања за бесплатна промоција на ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ НА ЖЕНИТЕ
Во духот на зелената агенда 2030, преку кампањата
,,АКО САКАШ ДА СИ IN- БИДИ ECO-GREEN!”
Штедилница ФУЛМ даде поддршка на иновативните, зелени идеи и бизниси
кои работат во насока на одржливиот развој, зачувување на планетата земја, заштита на околината, преку
бесплатна промоција на ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ НА ЖЕНИТЕ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА
на веб страната и социјалните медиуми на ФУЛМ,
со цел да ги поттикне и охрабри жените во Македонија за да преземат иницијатива за подобрување
на сопствениот живот и напредок, напредокот на членовите на своите семејства и пошироко – за целата заедница!