Андријана Срчокова и Ана Јорданова Дубровска “Мелем од вкусови”

Image Image Image Image Image

"Мелем од вкусови" е фирма основана од две сопственички, Андријана Срчокова и Ана Јорданова - Дубровска. Името е асоцијација дека храната е лек за физичко и ментално здравје.Ние како START UP официјално со работа започнавме на 25.06.2020.

Сакајќи да им понудиме на луѓето да имаат поголем избор на лесно достапен свеж оброк и да имаат локални производи кои се лесно достапни. Одлучивме нашите салати да не бидат класични, туку да се вметнат продукти кои порано секојдневно биле присутни во исхраната за ручек и изобилуваат со протеини кои бавно се разградуваат и витамини кои притоа не го оптоваруваат организмот.

Произведуваме здрави оброци, како оброк салати, житни оброци, цедени сокови, смуди, интегрални сендвичи, врапови со интегрални тортљи и сирови десерти без додадени шеќери или конзерванси. При подготвувањето на храната користиме квалитетни производи, како: ладно цедено маслиново масло, мед, маџун, кефир кој самите го припремаме од млечна габа.

Покрај ова од неодамна го поширивме асортиманот на нашите производи со две сирови торти, а воедно имаме понуда и на здрав кетеринг за прослави во компании, домашни прослави или игротеки.

Како љубители на природата од голема важност ни е да не ја загадуваме околината и затоа салатите и житните оброци се пакуваат во тегла, (која што може да се рециклира или реупотребува), а воедно вкусот на истите е далеку подобар затоа што самите состојки се врзуваат поубаво.

Нашето мото е: Одвојте повеќе време за себе и работите што ве прават среќни, а ние ќе се погрижиме да јадете здрави и вкусни оброци.

"Здрава храна, здрав живот и чиста животна средина".

Контакт информации:

Андријана Срчокова и Ана Јорданова Дубровска

075/ 285-226

www.instagram.com/melem_od_vkusovi

www.facebook.com/Мелем-од-вкусови 

*Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

КРЕДИТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИЧНИ ПРИМАЊА
Целна група • Невработени лица со дополнителни лични примања
Износ на кредитот • Од 10.000 до 400.000 МКД – денарски кредит*
Рок на отплата • 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци
• Максимум грејс период 12 месец
Потребно обезбедување • Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)
Каматни стапки Годишна, променлива каматна стапка* (СВТ)
Начин на плаќање • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) – за кредити со рок на отплата од 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци и
• Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот – за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци.
Надомест • Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот • Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит • Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
• Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од жирантот/ите
• Целосно пополнети обрасци за кредит
Предност ·Исплата во готово или на трансакциска сметка

·Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот

·Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

*Валута МКД: денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година, имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација.

*Годишна променлива каматна стапка. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку јавни медиуми (СВТ)

Согласно Одл. од 17.12.2016