Ивона Бару – кооператива за органска храна “Наша Добра Земја”





„Наша Добра Земја“ е задруга за органска храна основана во 2015 година од страна на три жени, која се залага за чиста, еколошка храна произведена со грижа за природните ресурси, како и давање алтернатива на постојниот систем на производство, консумација и дистрибуција на храна. Како задруга и социјално претпријатие, нашата работа не е исклучиво насочена кон остварување профит, туку најнапред кон вложување во локалната заедница и општествена одговорност. Она што не издвојува е моделот на органски кошнички кои нашите членови ги подигнуваат секој четврток.
Преку основните принципи на нашата работа:
- Нудиме палета на сертифицирани и лабораториски тестирани производи кои се произведени со земјоделски практики кои не ги уништуваат природните ресурси и го заштитуваат биодиверзитетот;
– Локална храна – соработуваме само со локални производители, зашто храната која поминала најкраток пат е најхранлива. Исто така, на овој начин го поддржуваме развојот на локалното производство;
– Храна со лице – лично го познаваме секој производител со кој соработуваме и го посетуваме местото на производство;
– Не користиме пластика – од основањето до денес, не користиме пластични кеси, со производителите и членовите постојано ја ротираме амбалажата и ставаме акцент на рефус производи, со цел да го намалиме отпадот создаден од пластика.
Контакт информации:
www.facebook.com/dobrazemja
www.dobrazemja.mk
Ивона Бару
071/ 863-089
*Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање