Соња Димитровска – Изработувач на восочни обвивки
Jaс сум Соња Димитровска, пензионер. Со многу ентузијазам и желба за живеење во еколошки чиста животна средина создадов ЕКО восочна обвивка, од 100% памучен материјал и природен пчелин восок, како еколошка амбалажа за повеќекратна употреба. Наменета е за завиткување на овошје, зеленчук, зачински растенија или леб. Особено е практична за одржување на свежината на половинки лимон, портокал, јаболко, авокадо, магдонос, целер, морков, кашкавал, итн. Може да се користи и за пакување сендвичи, за покривање садови, за завиткување на цвеќе и сл.
ЕКО восочната обвивка е еколошка замена за сите видови на пластични и алуминиумски фолии за еднократна употреба. Со нејзиното повеќекратно користење превенираме создавање на отпад. Храната во обвивките останува подолго свежа и не ја фрламе непотребно. Обивката ја заштитува животната средина намалувајќи ја употребата на пластика.
Верувам дека со мала промена на секојдневните навики можеме многу да помогнеме, себеси и на околината. Со вистински свесен избор и здрави навики можеме да живееме поквалитетен живот. Доколку се потрудиме малите еко навики да ги внесуваме во нашето секојдневие не само што ќе придонесеме за заштита на животната средина од дополнителен отпад, туку и за значајна заштеда на парични средства.
Со вистински свесен избор и здрави навики можеме да живееме поквалитетно и подолго!
Контакт информации:
https://www.facebook.com/ekovosocniobvivki
https://www.instagram.com/ekovosocniobvivki
071/ 289-950
Соња Димитровска
*Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање