Весна Биљарска “Пчеларник Распатје”

Image Image Image Image Image

Јас сум Весна Биљарска од Берово.Пред 4 години со сопругот одлучивме да почнеме со пчеларство како најоптимална земјоделска активност. Почнавме со конвенционално пчеларење со 60 семејства. Со време одлучивме да работиме со пчелите на одржлив начин кој е поблиску до нивната природа. Го зголемивме бројот на семејства но количините мед останаа исти. Со овој начин добивме мед со врвен квалитет во ограничени количини. Пчеларникот се наоѓа во чиста природа блиску до дабова шума и ливади полни со планински чаеви, мајчина душица кантарион, жалфија. Пашата ја збогатуваме со поседи на фацелија и така добиваме шумски мед со примеси од планинска ливада.

Медот е со темна боја и со специфична арома. Тој не подлегнува на никаква обработка само се исцедува од рамките и се пакува во тегли. 

Контакт информации:

Весна Биљарска - Пчеларник Распатје

075/450-108

Берово с.Владимирово

www.facebook.com/raspatje

*Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

КРЕДИТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИЧНИ ПРИМАЊА
Целна група • Невработени лица со дополнителни лични примања
Износ на кредитот • Од 10.000 до 400.000 МКД – денарски кредит*
Рок на отплата • 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци
• Максимум грејс период 12 месец
Потребно обезбедување • Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)
Каматни стапки Годишна, променлива каматна стапка* (СВТ)
Начин на плаќање • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) – за кредити со рок на отплата од 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци и
• Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот – за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци.
Надомест • Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот • Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит • Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
• Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од жирантот/ите
• Целосно пополнети обрасци за кредит
Предност ·Исплата во готово или на трансакциска сметка

·Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот

·Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

*Валута МКД: денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година, имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација.

*Годишна променлива каматна стапка. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку јавни медиуми (СВТ)

Согласно Одл. од 17.12.2016